Бидејќи во некои од македонските градови немаше јавни донаторски акцои како во Битола, двајца другари битолчани Садетин Мустафовски (19) и Артим Усеиновски (18) меѓусебно се договориле денот да го поминат во Струга каде наместија пункт покрај реката Црн Дрим и сами започнале акција за собирање на донации за Турција и Сирија.

По кратко време граѓаните на Струга позитивно одговориле на нивната акција и нивниот штанд бил преполн со донации. Во вечерните часови веќе имале собрано голема количина производи и започнале да ги контактираат на телефон поголемите транспортни фирми од Струга, но биле одбиени со изговор дека немаат слободни возила. Само фирмата Певалит од Струга вратила нивни камион шлепер од половина пат и го насочиле кон градскиот плоштад во Струга каде го чекале нашите битолчани.