Под мотото „Уметноста на традицијата“, вечерва свој целовечерен концерт на 54-то издание на фестивалот „Илинденски денови“ ќе одржи Ансамблот за народни игри и песни – ТАНЕЦ.

Концертот ќе се одржи на Платото на Офицерскиот дом.

Битолчани со нетрпение ја очекуваат оваа вечер, зашто сè уште со одушевување зборуваат за спектакуларните концерти на Танец на Хераклеа, оној со хрватскиот државен ансамбл Ладо, потоа со нашата гитарска легенда Влатко Стефановски, а секако и на минатогодишниот заеднички концерт во Центарот за култура, со српскиот државен ансамбл Коло.

Да потсетиме, ексклузивниот целовечерен концерт на НУ ТАНЕЦ, на кој богататиот играорен и вокално-инструментален репертоар ќе го изведе големиот состав на ансамблот, со вклученост на сите три кора, вечерва во 20:30 часот на Платото на Офицерскиот дом во Битола.