Во битолскиот земјотрес кој бил на први септември 1994 година 10 лица биле полесно повредени,
додека во градот биле уништени фасади и покриви на некои постари градби. Земјотресот бил со магнитуда од 5,2 степени и епицентар 15 км западно Битола, околу 100 километри јужно од Скопје, што значи за 0.6 степени послаб од денешниот 5.8.

Тогаш неколку постари згради биле исто така оштетени и во Кавадарци, кој е оддалечен 70 километри од Битола. Помали потреси биле почуствувани и во Демир Хисар, Ресен и Охрид.