И ќе го чекаш Велигден.
Убав, светол, свечен, сончев

Велигден, ден Недела.

Ќе го чекаш зошто два дена пред него на Велики Петок ќе ти купат чевли од Бата, лаковани, црвени што ќе ги носиш газејќи на прсти, ќе ти сошијат карирано на црвено, плисирано суќниче и нова блуза па ќе се дотераш вака за првпат на Велигден, а послем ќе си ја носиш облеката за нова, се до другиот, и ќе тргнеш кај бабите по јајца…
image

На ручекот задолжителниот кукурец, полнет ширден,јагнешко и полно барде со кукуречанско црно или брусничко бело. По јадењето и пиењето песна староградска…
На софрите ни седнал Велигден:
Салатари, мезелаци, прикажува,
Пие белачка, црвено,
Под комина или лачено,
Во тамиџана “крклинско”,
Што ти бил апетлија
На дропсарма, кукурец, такамче,
Папсано јагнешко блеење.
Велигден ѕунат камбаните,
Велигден плискат брановите,
Велигден шепотат вљубените,
Велигден надеж за отпишаните.

 

Г.Такец и Д.Д.Такец извадоци од “Од мојата душа” и “Перформансите на Широк Сокак”

[metaslider id=4401]