Водејќи се од мотото во здраво тело – здрав дух, а применувајќи ги начелата на општестена одговорност, Болница „Плодност“ беше главен спонзор на првиот „Паљо Класик“, натпревар во боди- билдинг, кој за прв пат се одржа во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Прим. д-р Таше Трпчевски е познат по тоа што поддржува индивидуални спортисти и колективни клубови, во насока на развојот на спортот во градот. Така годинава, со особено задоволство прифати да биде главен спонзор на најплеменитата вештина – бодибилдерството, како што и самиот вели:

„Во однос на бодибилдингот, можам да кажам дека тоа е еден од најплеменитите спортови, бидејќи не познава старосни граници. И самиот откако применувам секојдневно повеќечасовно вежбање, придобивките по моето здравје, физичките активности, како и психичките активности, се повеќе од видливи. Токму затоа, со задоволство прифатив да го поддржам овој натпревар, во кој имавме можност да ги погледнеме резултатите од работењето на нашите натпреварувачи и натпреварувачки.

И досега помагав доста во спортот, односно за натпреварувачите во индивидуални спортови како кикбокс, но и во групни спортови, минатата година за кошаркарите на Пелистер, а годинава и за женскиот ракомет.

Со оглед на фактот дека нашата болница е наменета првенствено за припадничките на понежниот пол, следната година ќе подготвиме нови изненадувања за учесничките и победничките на овој боди-билдинг натпревар, кој очекувам дека од година во година ќе расте и не се сомневам во тоа, бидејќи е организиран од Зоран Лазаревски – Паљо, неговиот фитнес клуб “Паљо“ и боди билдинг федерацијата на Македонија“, рече прим. Д-р Таше Трпчевски.