Постојаниот пораст на оперативните зафати во Болница Плодност се должи на фактот дена применуваме најсовремени светски технологии во работењето, а оперативните зафати ги изведуваат нашите врвни гинеколози, обучувани во најдобрите светски центри. Ваквите заложби резултираат и со зголемен број на ендоскопски операции, за што говорат и показателите низ бројки:

Во 2022 година, направени се вкупно 982 оперативни зафати. Од нив 502 се гинеколошки операции (тумори, цисти итн.), а 397 се направени по ендоскопски пат, што е 80% од операциите. Останатите 480 оперативни зафати се царски рез.

Пораст за речиси 10% на оперативните зафати имаме во 2023 година, односно изведени се 1056 операции. Од нив, 556 се гинеколошки, од кои пак 457 се ендоскопски (лапароскопија, хистероскопија итн.), односно над 80%. Преостанатите 500 оперативни зафати се царски рез. Напоменуваме дека во ендоскопските операции, во изминатите две години, направени се многу ретки и тешки оперативни зафати, кои не се изведуваат во нашата држава, но и пошироко во регионот.

И низ бројки, уште еднаш, ги покажуваме нашите успеси, а Вам Ви благодариме што ни ја давате довербата, да се грижиме за Вашето здравје.