Почитувани љубители на одбојката, драги битолчани, најголемиот бренд кај нас и во регионот од областа на медицината, болницата Плодност е нашиот нов партнер.

Компанија која со право минатата година ја понесе наградата за општествено одговорна компанија на град Битола повторно е голем помагател на спортот, а сега како дел од успешната приказна на Пелистер Волеј.

Со ова дефинитивно зацртан е патот кон уште поголеми успеси на најуспешниот женски колектив во нашиот град.

О.К Пелистер Волеј упатува голема благодарност до Прим. Д-р Таше Трпчевски и целиот негов тим.

Пелистер Волеј