Вечерта на 14-ти и дента на 15-ти Мај ќе се одржи Богослужба по повод празникот Атанасовден, св. Атанас во истоимената црква во с. Балдовенци општина Новаци. Ова е отворена покана од домаќинот за сите заинтересирани гости кои ќе сакаат да го посетат ова место каде ќе има забава со жива музика и ручек/вечера.
Црквата посветена на Св. Атанасије е изградена 1869 година. Храмот за време на Првата Светска војна бил срушен, обновен во 1925 година и реновиран во 1960 година. Празник на селото е Атанасовден (15-ти Мај). Како организатор на настанот е Ѓорги Стојковски од Сиднеј кој веќе 2,3 години вложува сопствени средства за обнова на овај верски објект. Нека ни е за многу години празникот.