Откако Горан Пашовски замина во Беласица, искусниот напаѓач и детето на Пелистер е фаворит за оваа функција.

Големи се шансите Благојче Марковски да биде новиот технички директор на Пелистер. Имено откако Горан Пашовски, кој се најавуваше за оваа функција, си замина во Беласица, искусниот напаѓач и дете на Пелистер е прв кандидат за ова место во раководниот дел на клубот од Битола. Кога сме кај Марковски да кажеме дека тој во својата долга фудбалска кариера има играно за Пелистер, Вардар, Силекс, 11 Октомври, Еуромилк, Ренова, Царев Двор, Новаци а во текот на есенскиот дел беше член на Тиквеш.

Извор Спорт