Нашата битолчанка Мартина која моментално живее и работи во Америка, инспирирана од нашиот награден ФОТО конкурс „Лесно е да се препознаат добрите луѓе: Децата и кучињата секогаш трчаат кон нив“, отвори сметка за донација каде сите можат да донираат за помош и храна на бездомните животни во Битола, за потребите на нејзината хероина, битолчанката Марија, која веќе несебично одвојува премногу и ѝ е потребна нашата голема поддршка:

Здраво, јас се викам Мартина и навистина се надевам дека со овој начин за прибирање на средства ќе допре до многу од вас со убави души кои сакаат да помогнат за бездомни кучиња и мачки. Мојата најголема инспирација беше оваа неверојатна девојка на фотографијата- Марија која несебично и без никаква помош спаси над стотина кучиња и мачки. Марија исто така успеа да најде нов дом за многу кучиња и да ги испрати низ цела Европа. Без ниту еден стационар достапен во Македонија, Марија ги чува во нејзиниот сопствен двор, каде се грижи за нив. Таа купува храна и залихи со свои пари и сметките на ветеринарот што таа треба да ги плати се веќе многу високи. Затоа ве молам луѓе, ајде да бидеме први кои ќе покажиме малку љубов кон нашите бездомни крзнени пријатели и барем малку ќе ѝ помогнеме на Марија во нејзината мисија.

Ви благодарам!

За донации на следниот линк:

https://www.gofundme.com/f/help-homeless-dogs-and-cats-in-macedonia?utm_campaign=p_cp+share-sheet&utm_medium=copy_link_all&utm_source=customer