Јана Стефановска од АК Олимп од Битола, второпласирана на “5К“ трката на ТРЧАЈ БЕ, која се одржа вчера, на која настапија 1.500 учесници од 17 држави, со резултат 20:59 минути.

“Пласманот и медалот е освоен на домашен терен, каде што очекувањата се големи, но се има и трема пред домашната публика. Многу сум среќна што токму на ТРЧАЈ БЕ имаме пиедестал. И јас и екипно како АК ”Олимп”. Прекрасно е чувството да се трча дома, со врвни атлетичари, кои ги красат феноменални резултати. Плус, Битола е преубава за трчање” – ни изјави Јана.

Јана работи интензивно со тренерот Демир Даутовски. И оваа сезона има одлични резултати. Прво место на 5К на “Охрид Трчат” и солидни пласмани на сезонските натпревари.

На вчерашната трка ТРЧАЈ БЕ, од АК Олимп од Битола, учество зедоа и Изабела Насковска која трчаше на 21К, а Стефанија Лазарева, Леа Ѓорѓиевска, Антониа Крстевска, Христина Илиевска, Христијан Шаклевски, Стефан Туловиќ, Дони Петличковски, Мартин Митрески и Бојан Ѓеровски, кои работат и до тренерот Даутовски, а неодамна засилени и со Вера Вељановска имаа одличен екипен пласман на 5К.

Така, нашиот битолски атлетски тим, екипно се закити со уште две признанија:
Женски 3 место екипно 01:40:50
Машки 2 место екипно 01:20:53

Дополнување: Да остане запишано битолчанка е и првата на пиедесталот , Николина Милевска Велјановска, само што сега живее во Скопје и адресата е од таму.

Браво за атлетска Битола 🔵