Битолчанката Оливера Наковска Бикова, предводена од тренерот Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски, го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината П4-пиштол слободен избор.

Во квалификациите Оливера испука одличен резултат од 538 (најдобар во нејзината кариера) со што го освои второто место и си обезбеди пласман во финале, иако почетокот на мечот не го наговестуваше тоа. После неколку правовремени совети од тренерот (во првата и втората серија особено), а пред сè заради нејзината подготвеност и одлучност да се фати во борба со останатите за што подобар пласман и личен перформанс, Оливера во продолжение на натпреварот значително ги подобри своите перформанси и со изедначениот личен рекорд во оваа дисциплина, сигурно зачекори во финалето.

Извор и повеќе на Гол.мк