Битолчанката Марија Димовска заедно со нејзиниот стручен тим замина на Светското првенство во кикбокс кое во петок на 23-ти август ќе започне во Будимпешта, Унгарија. Репрезентацијата на Македонија ќе биди составена само од четири борци кои ќе се такмичат сите на ринг.

Нашата млада сограѓанка Марија ќе настапи како помлад јуниор во дисциплината до -60кг во лоукик.

На првенството има преку 3000 учесници и ќе трае до 1ви септември. На сите им посакуваме добар успех.