Група од околу 35 битолчани оваа година во периодот од 04-ти до 11-ти Ноември ќе го организираат Џез Фестивалот во Скопје каде ќе има присутни околу 400 гости од кои 120 од светот и 280 од фамилиите на организаторите, поблиски пријатели, дечковци, швалерки и спонзоруши.

„Ова е одлична прилика за нас која мораме да ја искористиме, ни изјави овогодинешниот директор на Џез Фестивал кој за првпат го назначија од Битола, асли битолчанецот Сашо Петревски. Заедно со мојата фамилија, бабата и дедото оти мора некој да ми ги чува децата, покрај манифестацијата ќе си го почуствуваме и луксузот на спопските хотелчиња и ресторани цела недела и „све че то народ да плати“ со мала насмевка иронично се насмеја директорот. Програмата ја направивме ради реда да има некаков репертоар и тоа за нас не ни е толку битно, некој спектакуларен гостин или познат Џез музучар од странство нема да има бидејќи ќе останат помалку пари за нас. Така да се одлучивме за таков чекор. Вкупно ќе бидиме околу 280 битолчани, секој ќе си донесе по некој од дома а не му е забрането дури и швалерките да си ги донесат, додаде директорот.“

За време на манифестацијата се предвидува во џез варијанта за првпат да бидат преработени и преставени пред скопската публика познатите битолски песни „Ако одам во Битола“ и „Битола мој роден крај“, додека „Еј девојче еј скопјанче“ ќе биде најверојатно изненадување. Изнајмен е и балон на познат битолски стопанственик кој ќе си го платат самите скопјани и на кој ќе го пишува фестивалското лого „Скопски Џез Фестивал Ви го организираат битолчани оти џез само подома си слушате“.

За плакат се одбрани влечките од ЧИК Куманово оставени покрај река што ја означува симболиката на капен џез музичар без мрсна коса и брада.

На самата веб страна на Фестивалот за против уроци и почудвање на сликата од легендарниот џез трубач Хју Масакела ќе биди потпишан Мајкл Џексон. И ако има некој фриленсер замерки нека си пиши подобро за тревата неискосена во Вардар.

…….

Веста е измислена и дел од рубриката ЛабавО како пародија на моменталните случувања во Битола кои ги трпиме од скопјани низ годините.