Поминаја веќе два месеци и повеќе од кога култната кафана и збирно место на битолчани, Кај Цане Боксеро – Роки, престана со работа. Со нејзиниот престанок замре и џагорот во овај дел на Широк Сокак, ги нема и трубачите кои постојано беа тука со неговите муштерии. Со неговото заминување се откина едно парче од душата на градското живеење, а битолчани најпоќе жалат заради вкусната скара, ќебапи и уштипци која ја немаме во централното градско подрачје. Рајат со по некое пиво или вино, можевме да си ја дегустираме не мислејки дали ќе палиме кола или пеш бидејќи локалот ни беше достапен и на пато (до газо како шо велат битолчани) .

Група на битолчани се со размислување да започнат иницијатива за берење на потписи Цане да се врати или пак во краен случај да го кажи рецепто за ќебапите и уштипците.

Битола отсекогаш била слаба со квалитетни меанџии. Поќето од нив се заинтересирани само за брза пара, со несалам цени, Да немој чоек да се опушти. Вистина понекогаш во сметките ќе имаше нешто додадено, ама пак на крајот сумата ќе беше реална и од срце ќе си ја платевме седенката, дури и ќе фрлевме нешто плус, ни изјави Томе Стефановски викан Боксеро, бидејќи повеќето со таков прекар знаеја и таму да заседнат со денови и да се претопат како дел од кафанскиот инвертар.

Да се надеваме дека во наскоро време сепак ќе се најди некое решение, а нема да биди воопшто лошо и онлајн порачки барем за подома да си земаме.


Веста е измислена и е дел од забавната рубрика ЛабавО, која и навистина на забавен начин ја пресликува реалната слика која на градот му недостасува. Цане врати се!