Битолчани кои подолго време се надвор од нашата држава, во САД, достојно си ја испочитуваа својата традиција и останаа верни на нашите обичаи. За Коледе во градчето Рејнолдсбург од државата Охајо, благодарение на Љупчо Чукар и неговата компанија Capital City Millwork (шумското) го запалија најголемиот македонски оган и заедно со нивните фамилии, групата Маестрал од Битола и други православни верници се забавуваа до касно во ноќта. На фотографиите Чукарот, Слеџот со нивните фамилии кои од срце ги поздравуваме и му честитаме среќни празници…

За многу години…