Оваа специјална вечер во Малата сала на НУ Центарот за Култура во Битола по повод 18-тиот роденден на магазинот за хумор и забава „Без навреда“ пред околу 100 специјални гости од кои многу вредеја и за двајца, тројца, значи околу 250 публика беше преставено специјалното ретро издание „СКОКОТНИ МЕ ДА СЕ НАСМЕАМ“.

Како водител беше специјалниот гостин Панде Димитровски,

Панде Димитровски (фото Петар Ставрев)

додека промотор и завршен збор го имаше другиот специјален гостин Димитровски Панде.

Димитровски Панде

Во едночасовна специјална забава зачинета со многу хумор и сатира поврзана со секојдневниот живот која е дел од ова специјално издание кое можете да го набавите по специјална цена од 0-150 денари , ние кои бевме присутни малце со насмевка се одвоивме од реалната сцена која ни ја носи денот во едно ново општество каде забавата и хуморот е многу заборавена.

Со еден дел од ова специјално издание ќе пробаме и малку кај вас да ја смениме секојдневната монотонија, пред сѐ овај текст е една мала почит кон уредникот (дека кога бевме деца ни даваше бесплатни карти за во Свинг Ла Синема) и сите негови пишувачи на вицови и досетки, карикатуристи, помагатели, поддржувачи и сл. За друго шо било како било, кој беа специјалните гости ќе си барате во битолските дневни гласила како Апла, Читај Бе и други.

Генерација без менструација

Анегдотата се случи минатата година кога поранешни ученици од една битолска гимназија одбележуваа четириесет години од матурирањето. Демек, средба на генерации. Една битолска госпоѓа која по завршувањето на факултетот како што и обично

бидува се омажила и останала во столицата на Македонија. И, како Скопје да е преку земја. Госпоѓава задоцнила на класниот час и на кафе претпладнещо во барот Стигнала вечерта и единствено што знаела дека средбата ќе се одржи во еден хотел. Но не само на класен час туку и задоцнила на свечената вечера. И така стокмосана дошла до рецепциjama и го прашала момчето од рецепцијата.

Извинеше, јас задоцнив на

класниот час. Треба да присуствувам на средбата на генерации. Ве молам каде се

одржува?

Простете госпоѓо, се обратил рецепционерот: Јас се извинувам но колку години славите од матурирањето, односно, малку непристојно, што генерација сте?

Јас немаше да ви го поставам прашањето, но, во трите сали имаме матуранти.

Госпоѓава: Доаѓам на средба на генерации по повод четириесет години од матурата!

Рецепционерот: Ааа, значи вие сте генерација без менструација. Тие се на приземје од хотелот!


И за крај, на настанот се спомна една анегдота на некој србин (не запамтивме кој и ни беше мака на гугл да бараме, некој на крајот со Ќ ) кој обелоденува дека:

„Политичарите дури се никој и ништо на земја со народот се како гулаби му јадат од рака, а потоа кога ќе се вивнат му се се.ат на главата“…

Имаше и една УБА песна, да се надеваме дека ќе имаме што поскора промоција и екранизација…