Capa Apoесте е американска ладино пеачка која својата инспирација ја влече од
сефардските корени на нејзиното семејство во Македонија и Грција. Таа ги помина последните дваесет години носејќи ја својата современа визија за сефардската
култура – преку музика и книги – до публиката ширум светот. Нејзиното „битолско“ потекло, како правнука на познатиот битолски еверин Ароен Ароести чија куќа и денеска го краси Широк сокак, таа доаѓа неколку пати во Битола, заминувајќи
секогаш побогата за нови пријателства и инсирација.Како резултат на откривањето
на своите корени и љубов кон Битола, таа заедно со преку триесет музичари од пет
земји меѓу кои и Македонија, го снима албумот ,,Монастир”, посветен на Битола, албум со бројни позитивни критики во музичкиот ладино свет.

На 22.07 со почеток во 20.30 ч. на Платото на Офицерскиот дом Сара Ароесте, придружувана од Шаи Бакхар од Израел, Вевки Амедов и Сефедин Бајрамов од Македонија, ќе ја има битолската промоција на овој исклучителен музички албум, посветен на Битола.