Не можам сѐ да напишам на постот за тоа зошто бегале младите од Македонија. Јас кажувам за мене, пред скоро две години заминав од Македонија во Австрија (никогаш не би се вратил назад). Прво од финансиски аспект бидејќи во ЕУ имаш и кога немаш.

Меѓутоа она со луѓето во Македонија не можат да го видат, оти стално иди дебата колку заработуваш колку даваш (во секој случај повеќе заработуваш од со трошиш, 100 евра можи ќе ти останат, ама не одиш во дупка).

Меѓутоа она со не го гледаат луѓето, а е многу повеќе од финансиите тоа е среден систем, систем каде за нигде не ти треба поткуп или пријател, нормално здравство, нормално образование, каде секое дете е еднакво и на најсиромавиот и на најбогатиот.

Чисти улици, чист воздух, совршен јавен превоз (1 евро денот за жители на Виена, а користиш метро, трамвај, автобус и воз колку сакаш пати). Ова Ви го пишувам оти Ве пратам и сакаш да укажам дека се е мачкање на очи кај вас, за жал. Друго работникот тука е заштитен како мечка, никој ништо не смее да му направи, има синдикат за секоја професија кој функционира беспрекорно.

Годишно се земаат 14 плати и плус уште една од повраток на данок, без скенирања и глупости, и башка се на секое помош од државата. Еден пример, ние за струја лани имавме годишна сметка од 450 евра. Виена ни даде помош од 350 евра. Струја, греење и топла вода плаќаме 150 евра (а тоа е околу 5 % од примањата на нашата фамилија, нека направат математика колку се плаќа долу во Македонија).

Кога читаме по медиуми како е лошо во Европа, се чудам како можи да пишат такви работи, такви глупости, ама и тие се платени за тоа да го пишат. Сигурно за брзо време ќе дојде крах таму, ќе заминат сите кои се и малку паметни и нормални. Состојбата е за жалење, нема здравство, нема образование, судство, полиција.

Еве и еден банален пример потврден со слика. Пука водоводна цевка, во 11 почнуваат да копаат, во 3 е асфалтирана, изметено и исчистено. Кај шо живеев на Широка во 2012г. ископаја и уште ден денес чекаат да легни чакалта.

Работникот тука ништо отпоќе не работи, тоа е најголемата лага. Тука сите гледаат за да имаат повеќе време за фамилијата. Тоа што има други кои работаат по 12 сати минимум и имаат еден тон пари, и после кога дојдат дома се жалат како во Европа нема живот има само работа, тоа е нивни проблем. Или пак се запнале дали кафе пиеле луѓето. Тука поќе од Битола пијат кафе, секој оди на кафе, тоа им е задоволство, Виена има над 1500 кафетерии од кои пола се стари над 100 години. А да не зборувам кога се вработуваш, нема партија, политика, нема приватно државно, нема вера и религија, сите се исти.

Искрен поздрав од Виена.