Секој од нас во живото некогаш си имал или сеуште си има барем една своја супер-бабичка. Бабичка која ќе те гледа од мал како растиш, ќе ти плети волнени чорапи, капчиња и шалчиња за взима, ќе ти прај најуба домашна супа, ќе те кара да не седиш на цименто и да не си на промаја, ќе ти дава пет банки скришум на секое гледање. Ќе ти раскажва бабини деветини за

 женските и како било на времето со партизаните и германците…

Баш така убо си врви битолчанецо Дамјан кој е еден од ретките на кој ние лично му завидваме.

Тој на својата 86 годишна супербабичка му ги позајмува пума патиките, тренди наочарите,

му ја дава колата малце да ја повози, 

излегват заедно навечер во битолската шема

 и други еден куп работи. Во живото се ќе помини но овие работи ќе останат вечни за паметење.

 Би сакале и ние исто со нашите внуци вака да поминиме. Нели?

Секој би посакал ваква КУЛ баба. Да си поживее до 100-тка, па после уште дваесет.

Респект Дамјан и поздрав до баба Ана. 
Благодариме!

П.С. тексто е пишен од срце и на битолски и ќе Ве молиме не барајте многу мани. 😊😊😊