Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски има нов клуб. Средниот бек се раздели со Хановер, но останува во најсилната ракометна лига на светот – Бундеслигата.
Негова нова средина ќе биде Вецлар, тим предводен од екс-селекторот на Хрватска, Хрвоје Хорват, а во неговиот стручен штаб е македонската легенда Филип Миркуловски. Своето деби во новиот клуб ќе го има на средбата со Фуксе Берлин, закажана за 18 февруари. Во досегашниот дел од кариерата во Бундеслигата, Кузмановски има одиграно 112 натпревари и постигна 181 гол.