Филип Кузмановски е прогласен за МВП на натпреварот против селекцијата на Црна Гора, кој „црвено-жолтите“ го добија со 28-29.

Битолчанецот доби минутажа и имаше блескав натпревар, посебно во второто полувреме кога распали кон голот на противникот. Тој го заврши натпреварот со пет гола и беше најдобар поединец во редовите на Македонија.

За Кузмановски ова беше прв натпревар на ЕП, затоа што на дуелот со Словенија остана на клупата и не доби воопшто минутажа.

Извор Гол.мк