Битолчанецот Игор Илиевски Мусо направи голем подвиг за поздравување: Самиот ја исчисти таблата која е поставена во чест на активностите на битолските великани кај Ат Пазар. Истата од непознати лица пред неколку дена беше пречкртана со спреј во делот на бугарскиот фашистички окупатор. Граѓаните самостојно продолжуваат да делуваат во грижата и заштитата на заедничкото културно историско наследство во отсуство и летаргичност на надлежните.

Секоја чест Игоре и се гордееме со вакви сограѓани.