Елена (30) од Битола заедно Александар (40) од Прилеп со презиме Богојевски и нивните три дечиња на возраст од 8, 5 и 3 години моментално животот ги однесе да престојуваат и работат во Охрид каде се професионални кулинари.

Интересното кај нив е што за време на големата криза со Ковид-19 и покрај нивното отсуство и неможност за работа се одлучуваат да ги искористат нивните квалитети и познавања и да направат револуционерен чекор, нешто кое ќе го понудат за продажба и ќе им помогне барем малку да закрпат некоја дупка во тие тешки времиња. Нивната заедничка приказна оди вака:

Кулинарството е една од нашите најголеми љубови во животот и тоа подготвувањето на разновидни јадења и благодарение на кое заедно со мојот сопруг, кој е по потекло од Прилеп, во 2017 г. не донесе од Битола до Охрид. Ние сме двајца готвачи со неколку годишно искуство и со три мали дечиња кои животот прават да ни е подинамичен и поинтересен, без застанување и одмор се разбира, за што веќе се навикнавме и не се жалиме.

Секој си ја бара среќата за да му биде подобро, и така моментално Охрид за нас сега е најдобрата можност која можеме да ја одбереме бидејќи се зема добра плата за да можеш нормално и без проблеми да изгледаш и живееш во една петчлена фамилија.

За жал во 2019/20 дојде и таа година кога се прогласи вонредна состојба во земјата со појавата на КОВИД-19 се затворија сите хотели и ресторани, а половина 8д населението меѓу кои бевме и ние, не остави без приход.

Дома заедно со трите деца сакавме нешто заеднички да започнеме и да правиме нешто од домашната кујна кое во рестораните каде работевме беше најактуелно за конзумирање, а тоа беше МАКАЛОТО ОД ЛУК.

Почнавме пробно само неколку теглички и редовно ги објавувавме на интернет страниците како „Традиционално македонско макало од лук“ – органски домашен лук направен на природна база. Не е за џабе речено дека ако конзумирате лук ќе имате и здравје. И така започна нашата мала приказна. Започнаа порачките и така набргу од само четири теглички на 21.10 2020 година, за нецели два месеци стигнавме до порачки од 30 тегли од град.
Со секојдневното рекламирање и објавување ги освоивме Битола и Скопје, каде има достава до дома.

После секоја порачка пристигнуваат прашања дали само ова го произведуваме, зошто е доста вкусно квалитетно, за што бевме многу задоволни со повратната реакција од самите конзументи.
Наредната година сѐ уште траеше големата криза, но рестораните започнаја со работа и ние им се вративме на секојдневните работни обврски со во ресторанот каде што сме вработени. На самиот газда му го преставивме нашиот нов производ за кој веднаш се согласи дека ќе го нудиме како дел од нашиот асортиман. Така доста странски гости кои беа посетители на нашиот ресторан го испробаа нашето МАКАЛО и плус заработка за нас. Секој понеделник и вторник на вечера имавме Руси и Холанѓани и сите беа почестени да го пробаат. Секој од нив кој проба си купи примерок и за дома така да МАКАЛОТО стигна и до далечна Русија и Холандија. Имавме контакт и голема порачка за Англија која беше успешна, додека нашите конзументи беа воодушевени. И така достигнавме до 150 тегли на пратка …

МАКАЛОТО моментално го произведуваме во помали количини, за разлика од нашиот почеток, бидејќи стварно е голема економска криза и во месецот продаваме најмалку по 40 тегли. Една тегличка е 400 грама по цена од 300 денари со доста труд, работа и љубов во него… ни раскажа Елена.

За контакт и порачки ТУКА


Ова не е платен рекламен текст, ова е поддршка на малите бизниси и сѐ што битолчани умеат од срце да го направат. Исто како нас. И нормално ако сте мераклии на МАКАЛО слободно да си порачате.