Четиригодишниот Дејан Трајковски од Битола е нашиот најмлад планинар кој самостојно успеа да го искачи врвот Мусала 2925мнв , највисокиот врв на Балканот. Подвигот го постигна заедно со неговиот брат Бојан кој има 9 години, неговата сестра Емилија 11 години, неговата мајка и група планинари од Битола.

Инаку Мусала преведено од Отоманско-турски значи „блиску до Бога“ или „место за молитва“ е највисокиот врв на планината Рила, како и во Бугарија и на целиот Балкански Полуостров, висок 2.925 метри.