Знаеш Претседателе Стево Пендаровски во дипломатијата некогаш се тропа на маса, се повишува тонот и се покажуваат заби независно колку ти е броен народот и колку ти е просечната плата во државата. Како на оние навреди не Ви збеснува крвта во жилите. Пробајте еднаш со НЕ, доста со свиткана кичма, влезете во историјата, направете го горд овој народ. Можеби ќе ја изгубите политичката кариера и функција ама кога ќе си дојдете дома во очите на вашето дете ќе ја видите гордоста и почитта заради одбраната на достоинството на овој народ. После 930 години борба од 1014 сме ја создале оваа држава во 1944 со многубројни знајни и незнајни жртви, сме истрпеле невидени ѕверства, понижувања, навреди. Доволно е. Во Крушевскиот манифест овој народ ги вградил европските вредности и го заслужил местото таму. Претседателе иако ти доаѓаш од мала држава не заборавај дека ти доаѓаш од државата на која на Европа и ја подарила Лидија од Македонија, првата христијанка во Европа,
И ги подарила на Европа пред 1100 години Свети Наум и неговиот манастир, 1000 години Бигорски, 1100 години Свети Климент и Плаошник, што е 300 години пред ренесансата во Европа, Богомилското движење како прво протестантско учење во Европа 6 века пред другите слични движења,
Курбиново со фреската Ангелот од Курбиново стара 900 години, кој го има во истоименото село и само во црквата Равена и никаде на белиот свет на друго место,
Охридската книжевна школа неколку века пред Болоња,
Галичник со уникатните зографи и ремек делата од дрворези на тамошните мајстори,
Танец со Тешкото, Драчевка, Малешевка, Калајџиско и други ора и песни со ритам 7/8, 11/8, 9/8 за кои светот станува со овации и се чуди
Најубавите народни носии и шари,
Делчев со најпрогресивната реченица на овие простори,
Ти си претседател на државата која на Европа и ги дарила Мисирков, Рацин, Конески, Анастас Коцарев, Петре М. Андреевски, Стефановски Горан и Влатко, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Симон Трпчевски, Кире Лазаров, Елмас, Барди..
Е за ова претседателе треба да се бориш и да си горд што си претседател на овој народ и држава кој ти дал право по устав и закон да го браниш сето ова!

Д-р Методија Атанасовски, професор на Техничкиот Факултет во Битола