Story from Bitola Old Bazaar

-Па­зар­ни­те де­но­ви беа осо­бе­но буч­ни,галама,ис­пол­не­ти со тр­гов­ски над­му­дру­ва­ња и ку­пу­вач­ки не­го­ду­ва­ња,трампи,држ-недај,нати-дајми итн.Секој гледаше да има бенефит и трговецот и муштеријата. Се­пак, си­те тие нај­че­сто за­вр­шу­ваа на оп­што за­до­волс­тво.
Како што се кажува доколку муштеријата бил заинтересиран за нешто и бил влезен внатре во дуќанот,умешноста на дуќанчијата била дали тој ќе излези празен или ќе купи нешто…
Др­ве­ни­те ду­ќа­ни со ме­тал­ни ке­пен­ци се затвораа полека,пополека поради нивната голема тежина,како што се вели за кепенци затварање маж треба. За­тво­ра­ње­то на ке­пен­ци­те прет­ста­ву­ва­ше мо­мент на привршување и под­го­то­вка за утреш­ни­от ден. И до­де­ка сите занаетчии,мајсторчина за тер­зи­и­те, ср­ма­џи­и­те,кон­ду­ра­џи­и­те,папуџиите,ѕвончарите, опин­ча­ри­те, ка­лај­џи­и­те, зла­та­ри­те, ку­јун­џи­и­те и дру­ги­те за­ми­ну­ваа на од­морат малце, низ чар­ши­ја­та се ши­ре­ше зву­кот на чал­ги­и­те, а ми­рот доц­на во но­ќта го на­ру­шу­ваа започнувајќи со нивната работа фур­на­џи­и­те, ан­џи­и­те, си­мит­џи­и­те и бу­рек­џи­и­те, кои со ми­ри­сот на све­жо при­го­тве­ни­те ја­де­ња го бу­деа но­ви­от ден ….