Давид е нашиот млад битолски јунак на кого пред неколку години со помош на проф. др. Јовица Угриновски и покрај високиот ризик му беше остранет тумор во главата со големина на јајце. Неговата фамилија Домазетовски постхумно се обрати преку социјалните мрежи:

Еден Човек преку кои раце Бог направи чудо и го спаси син ми Давид а со тоа и цело семејство повеќе не е со нас живите . Навистина болката е голема поготово за оние кои го познаваа и знаат дека таков Човек се раѓа еднаш на 100 години .Малку се зборови кои би ја опишале нашата благодарност спрема Вас. Медиумите можат да пишуваат што сакаат . Знам само дека Македонија изгуби прекрасна личност како прво , и вистински професионалец, ненадминлив на нашите простори. Нека Бог ви ги прости сите гревови и прегрешенија и да ве стави на најубаво место во Царството Небесно Докторе и Професоре Јовица Угриновски…