Битолскиот уметник Михајло Димитриевски попознат меѓу нас како Тхе Мичо ја нацрта и битолската Саат кула како дел од Валерија, светската игра со карти. “Clock tower of Bitola” како што тој има наведено на самата карта е препознатлив симбол на нашиот град и јавно му изразуваме голема благодарност за неговата промоција на нашиот град во светски размери.

Инаку Валериа (Valeria) е светска игра со карти, во која 2 до 4 играчи се натпреваруваат кој ќе го направи најдоброто кралство. 

Играчите започнуваат со две карти, еден селанец и еден витез, а понатаму со помош на коцки ги активираат своите карти, регрутираат нови карактери и се бори за победата. Дел од картите/единиците обезбедуваат ресурси, а дел, пример паладинот, се војска. На крајот на играта играчите го отвораат скриениот владетел 

(еден од нив е и Duke Mico – The Мonster Slayer) со помош на кој овозможуваат различни бонуси при броењето на поените кои решаваат кој на крајот ќе биде „Владетел на Валерија!“
Мичо тхенкс