По две години на пазарот
БИТОЛСКО ПИВО СО
ЧЕХОСЛОВАЧКА ЛИЦЕНЦА
НАСКОРО ЌЕ ПОЧНЕ ИЗГРАДБАТА НА БИТОЛСКАТА ПИВАРНИЦА, ЗА КОЈА ЌЕ БИДАТ ИНВЕСТИРАНИ 90 МИЛИОНИ ДИНАРИ, A ЌЕ ЈА ГРАДАТ ЧЕХОСЛОВАЧКИ
СТРУЧЊАЦИ

БИТОЛА, СЕПТЕМВРИ. –

Последниве неколку месеци
во ЗИК “Пелагонија“ во Битола, се прават подготовки околу изградбата на новата фабрика за пиво. Hea ke ja градат чехословачки стручњаци, бидејќи фабриката ќе произведува чехословачко пиво, Старопрамен“ од Праха-Смихов.

За таа цел постојат и конкретни договори со чехословачката фабрика. Во почетокот беа извршени анализи на битолската вода што ќе се употребува за производство на пиво. Се очекува согласност од Стопанската банка на Македонија за доделување на бараните средства и изградбата на фабриката може да почне. По две години на пазарот ќе се продава „битолско пиво“.

За изградбата на битолската пиварница ќе бидат потребни 90 милиони динари. Истата ќе произведува 300 илјади хектолитри пиво.

Битола Стари Фотографии