Синоќа Битола и битолчани им покажаа на цела Македонија како треба да изгледа еден градски настан со сите негови убајни кои траеја до раните утрински часови. Големото Име на големиот великан, нашиот сограѓанин Петар Милошевски достојно се одбележа на еден ваков голем спектакл каде сите заедно ја почуствувавме убавината на нормалното живеење за кое не треба да биде и нешто посебно за да живееме како посреќни луѓе без да му се воодушевуваме на околните градови.

Синоќа си замислуваме како би било почесто да си ги имаме и големите светски музички имиња на еден ваков хепенинг изоставувајќи ги оние потпросечните балкански турбо звезди со кои не ја личи Битола. Со само една мисла, Битола УБА да ни биде. Ви благодариме Камерен Оркестар и Општина Битола, Битола била и ќе биди…

п.с. И малце повеќе зеленило за Битола ќе Ве молам, ни треба за дишење и ладовина.