О, убавино моја,
Само тука сум своја,
Само тебе те посакувам,
Само за тебе раскажувам.

Ми мирисаш на есен,
На дожд што е лесен
На дом,
Каде што го остваруваш битолскиот сон.

На печени костени и ореви,
На топли кифлички и чаеви,
На битолски начин приготвени,
Со љубов создадени.

Зелници, мазници, зимници,
Со сите комшии направени
Безброј рецепти споделени,
Од генерација на генерација пренесени.

На сите вина греени
Песни пеени
Слави и прослави
Наши традиции и обичаи,
На домашна трпеза сервирани.

И сега ти кажувам,
Дека никогаш не те напуштам
Дека вечно ќе те оживувам
И низ песна прикажувам.

Марија Стојановска (17)

Фотографија насловна Јасмин