Секој град, секое населено место има свое лице, но и своја опачина. Таков е и нашиов град кој некогам беше пример во однос на чистотата, а денеска нема собир на граѓаните а како проблем број еден да не се постави нечистотијата. Таква е Битола која обилува со многубројни културно историски знаменитости и природни убавини која го привлекува вниманието на новинарите од страна, на домашните и странските туристи.

Таква е денеска Битола која сеуште прилега на стар древен град без доволно сообракајници и многу други негативности кои и го одбиваат вниманието на посетителите. Еве само една појава што делува невкусно што паѓа во очи на секој што ке го посети нашиов град.

Денеска во Битола има повеке продавници за чевли, отколку за леп. Несреќата да биде уште поголема, како по некое непишано правило скоро сите се наогаат на главната улица. Тоа го забележуваат сите, тоа го забележа и мојот пријател од Скопје кој после повеке години дојде да ја посети Битола. И тој мој пријател без многу размислување во шега ми дофрли. Чудни сте вие битолчаните. По се изгледа повеќе купувате чевли отколку леп. Не одговорив ништо, зашто знаев дека во оваа единствена реченица составена само од неколку зборови има голема вистина. Но тоа се сторило, не се спречило навреме па според тоа сега е доцна да се преземаат извесни мерки за да се намали бројот на продавниците за чевли, па и по жртва тука на главната улица да немаме ниту една продавница на сувенири. Меѓутов, мојот пријател не остана само на тоа. Не помина долго, а повторно ми дофрли.
Битола ли е ова или панаѓур.?

Не барав објаснување, зашто знаев на што пука. Сакаше да ми обрне внимание на продавниците за грамофонски плочи, односно на книжарниците и оние продавници во кои како што вели народот може да се купи од игла до фрижидер. Па ете, во овие продавници како и во книжарниците се нашол и по некој звучник, кој се монтирал на влезот на вратата па кога човек мета низ битолската главна музика истовремено може да го слуша и Александар Сариевски и Сафет Исович и уште којзнае колку интерпретатори на забавни и народни песни. А звучниците грмат, така што човек само слуша испомешани гласови на забавни и народни песни од кои неможе ништо да се разбере. Се разбира, звучниците грмат зашто грамофоните се пуштаат на цел глас. Века Битола изгледа секогаш распеана, зашто овие
концерти започнувает штом продавниците ке отворат, па се додека не се стават клучовите на вратите. Згрешивме што дозволивме на главната улица има толку продавници за чевли што не можеме да ги изброиме. Таа грешка сега тешко се исправа, меѓутоа што се однесува до звучниците и дивите секојдневни концерти сметаме дека тука може нешто да се преземе. И ке мора да се преземе зашто Битола сепак е град иако има свое лице и опачина, Битола сепак е град кој има свои традиции. Да не ни рече утре повторно некој дека Битола прилега на панаѓур.

Хроники на Пелагонија, рубрика на Радио Битола доцни 60-ти од минатиот век.

Битола низ минатото низ документи и фотографии од Државен Архив Одделение Битола. Голема благодарност.