Битола доби селектор на државната репрезентација на Карате федерација на Македонија за кати за две категории и тоа У12 и У14 во машка и женска кункуренција.
Официјално на веб страната на Карате федерација на Македонија се објавени имињата на избраните селектори меѓу кои е името на битолскиот тренер од К.К. „ЗАНШИН ДО„- Битола Стевка Јанковска Петковска – селектор за кати за две категории и тоа У12 и У14 во машка и женска кункуренција .
„За мене ова значи голем предизвик, одговорност и чест да бидам дел од селекторскиот тим на Карате федерација на РС Македонија . Периодот кој следи ќе се вложам безрезервно при реализирање на своите обврски како селектор со што ќе ја оправдам оваа доверба која ми е дадена бидеќи ова се позиции кои бараат совесност, одговорност, чесност и постојана работа за да се постигнат резултати“

ни пренесе Стевка Јанковска Петковска