Бабам Битола заедно со Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ денеска празнично со стара фотографија од црвата св.Богородица од Битола и с.Трново.

Црквата Света Богородица во Битола се наоѓа во центарот на градот, на десниот брег на реката Драгор веднаш до училиштето Св. Кирил и Методиј. Таа е втора црква по големина во Битола и е изградена во периодот 1870-71 година со голема помош на доктор Константин Мишајков кој го остапува своето земјиште каде е таа изградена и големиот добротвор Димитрие Робев.