Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ и денес, понеделнички сме заедно со вас и фотографиите од нашата стара Битола. На следната фотографија е гимназијата Јосип Броз Тито или Горната гимназија како сите повеќе ја знаеме. Изградена во 1882 г.  и била приватна куќа на Сали-паша, богат земјопоседник кој во 1892 за 600 златни турски лири ја продал на општината, а таа ја претворила во гимназија. Во неа се учело на турски, српски, бугарски и македонски јазик за што е најпозната како прво средно училиште во Македонија каде започнала настава на македонски јазик. Претходното име на гимназијата било „Гоце Делчев”, но во 1952 година со одлука на Наставничкиот совет името е променето во „Јосип Броз Тито”, а тоа име го носи денес.