Битола од 18-ти до 20-ти април беше домаќин на второто издание на интернационалниот фестивал Џез-фактори, во организација на културното здружение Центар за културна деконтаминација Битола, а основач и директор на фестивалот е македонскиот џез музичар Сашо Поповски, воедно и шеф на Џез катедрата при Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

– Со минимален буџет успеавме да ја разбудиме културна Битола и да поставиме цврста насока кон која ќе се развива нашиот џез фестивал во иднина-истакна директорот Поповски.

Теодосиј Спасов го отвори фестивалот и на битолчани им се престави во неговото препознатливо издание, како виртуоз на кавал, способен да интерпретира фолк мелодии на сопствен начин со оригиналн идеи за чија реализација соработува со музичари од различни жанрови, а на самото отворање настапи со Тони Китановски и Виктор Филиповски.

Битолската публика која ја исполни салата во Народниот театар, кој оваа година беше официјален партнер на фестивалот, беше сведок на природна ненаметлива арт форма од највисок ранг каде главниот акцент беше насочен кон создавање на експресивна имровизација за формација трио.

Тоа го потврди и Спасов во интервјуто за Тера телевизија, кој истакна дека секогаш е големо задоволство да се настапува пред македонската публика.

Втората вечер беше резервирана за настапот на македонските бендови Џоле Грујовски Квартет и Кабадајас.

Оф-програмата се реализира во кафе-бар Камарите и Порта џез, а во рамките на оваа програма настапија Моли Троли Квартет , Скопје Џез Инк и Лина Авшар .

Во програмата оваа година беше и џез-работилницата со наслов -Џез фестивали – организација – вмрежување – мобилност на артисти, на која говореа- Винко Михајловиќ – Петровац Џез Фестивал – Р.Црна Гора, Драган Влајниќ – Кикинда Џез Фестивал – Р. Србија, Ирена Благојевиќ – Џез музичар Белград – Р.Србија, Сашо Поповски – Џез Фабрика Фестивал – Битола, Бојан Стефковски – Џез Фортнајт Фестивал – Џез издавач Скопје, Гордана Настевска-Манасијеска -Акаша Букинг Агенција Скопје,

Тодор Ивановски – Центар за културна деконтаминација Битола.

Фестивалот беше поддржан од Министерството за култура, Општина Битола и НУ Народен Театар Битола.

Неда Маретиќ

PR. Jazz factory festival