После неколку спонтани абортуси поради инкопентенција на грлото на матката (претходно извршена конизација), кај храбрата мајка поставивме лапароскопски абдоминален серклаж.

Во 36 гестациска недела +4 дена, завршено е породувањето во раните утрински часови со царски рез. Храброста на мајката, нејзината издржливост и верба во нашата стручност, резултираа со доаѓање на свет на ова прекрасно бебе со телесна маса од 3500 грама.

„Кај нас поставуваме абдоминален серклаж и со отворена хирургија и по лапароскопски пат. По лапароскопски пат, единствено во Македонија кај бремени жени се поставува во нашата болница, покрај превентивниот кај небремени. Со примената на лапароскопската хирургија во гинекологијата, отидовме многу далеку и ги следиме сите нови трендови. Мислам дека се е можно, ако некој претходно го направил истото“, вели д-р Христијан Трпчевски, многу млад, а многу искусен во областа на лапароскопијата.