Битолско минато

Со Пет(ар) во Пет(ок)

Петар Ставрев

Специјално за Бабам Битола

Се полни и празни Стрежевското езеро. Водата максимално се користи за потребите на граѓаните и индустријата, а другите изградени објекти овозможуваат таа успешно и благородно да ја извршува својата функција. Кога во 1978 год. при Водостопанство “Пелагонија” се востанови 3 ХМС “Стрежево” со генерален директор Методија Сапунџиев и Томе Делов технички директор се реши гочрливиот проблем за водоснабдување на Битола и Пелагонија.

Година дена потоа се вработија дваесеттина лица меѓу кои и Бранислав Башиќ (66) кој како млад инженер со завршен Градежен факултет во Скопје се ангажира за изградба на браната, а потоа собирните води, деталната мрежа за наводнување а потоа и другите придружни објекти. Во изминатиов период десеттина директори, околу двеста работници се трудеа корисно и наменски секоја капка вода од Стрежево да се користи како што треба.

Многумина од нив се починати, пензионирани, или заминати на други работни места. Башиќ наскоро ќе исполни 40 год. како е професионално анфгажиран да ја извршува работата кај браната. Наскоро ќе замине во пензија, но ќе му останат сеќавањата за самопрегорното и деноноќно ангажирање кај езерото. Со тоа тој испиша неизбришлива историја и остави труд што засекогаш ќе се почитува и цени.

Браната е најголен градежен објект. Таа е долга 630 м. по круната, а по основата 410 м. а висока е 76 м. со насип од 4,3 милиони кубни метра земја и други материјали. Езерото собира 120 милиони кубни метра вода долго е 7,5 км. Наводнува 20,000 Ха а за него целосно е потопено селото Свињиште, а исселено селото Стрежево.

На него има 5 турбини а производство на електрична енергија, а за сето тоа се грижат техничари, лаборанти, чуварска служба, зашто секој ден се врши хидро-метеоролошко мерење, кои податоци се внесуваат во годишниот извештај – кажува Башиќ без око да му трепне.

Соживеан е со задолженијата и работата што ја извршува толку долг временски период. Ни го потврдува и најзначајното: браната е стабилна, езерото е мирно, рибарите од рибарењето задоволни, а консументите на водата најсреќни зашто Бранислав Башиќ е еден од консументите што се вградија во изградбата и функционирањето на овој начаен објект.