Април е непредвидлив месец. Кога најмалку се надеваш можи непријатно да ве изненади со студ или снег. Бог да ги прости моите баби, мојата мајка и постарите комшивки љубители на цвеќињата секогаш се држеа до едно НЕПИШАНО ПРАВИЛО. Имено, никогаш цвеќињата не ги вадеа на балкун-отворено пред да поминат „ТРИТЕ АПРИЛСКИ БАБИ“.

Поточно додека не помини:

11 Април -„ПРВАТА БАБА“,

12 Април -„ВТОРАТА БАБА“ и

13 Април -„ТРЕТАТА БАБА“.

Пријатели, добри луѓе и битолчани убав ден односно ноќ било каде да се наоѓате. Поздрав.

Стефан Чекутков