Изминатиот викенд, ресторанот АУРУМ блескаше во роденденска атмосфера, одбележувајќи седум години успешна работа. Со торти, балони, конфети и многу насмевки, прославата беше вистински празник за сите присутни, а тимот на АУРУМ го испрати крајот на една ера со стил.

Во текот на изминатите седум години, АУРУМ се етаблира како водечка гастрономска дестинација, нудејќи уникатни кулинарски искуства што ќе се паметат. Сепак, тимот на АУРУМ најави дека оваа прослава означува и нов почеток.

Во 8-мата година, ресторанот подготвува големи промени – нова локација и целосно нов концепт, кој ќе донесе high-end гастрономско доживување на едно сосема ново ниво. Љубителите на врвната кујна можат да очекуваат свежа енергија, иновативни вкусови и незаборавни моменти кои ќе го редефинираат значењето на гурманството.

„Ова е само почеток на нешто уште поголемо,“ најавија од АУРУМ, со голема возбуда за она што следи.