Драги битолчани!
Сакаме да Ви соопштиме а воедно и да Ве поканиме од 20.09.2017 г. со почеток од 07.30-15.30 часот во Општината кај Државната изборна комисија Битола (зградата на “Борово” кај шалтерите), со ваша лична карта да го дадете својот глас за поддршка на сегашните и идни родилки, со што се бара породилното отсуство да се зголеми од сегашните 9 на 18 месеци. Потребни ни се 10.000 потписи на државно ниво за усвојувње на Законот и затоа Ве повикуваме во што поголем број да дојдете и да ги дадете своите потписи кои ќе се собираат до 07.10.2017.