Слава на Бога, битолската Божиќна пештера е поставена во дворот на Храмот Свети Великомаченик Димитрија во Битола и е подготвена да ја пречека ангелската војска 🌟

ПОДАРИ БОЖИЌНА РАДОСТ !

Возљубени сограѓани,

Во пресрет на Христовото раѓање, во пресрет на надумното смирение Божјо, кога Синот Божји прима човечка природа и станува како еден од нас, да го даруваме Богомладенецот Христос, дарувајќи ги нашите скромни сограѓани и да ги стоплиме нивните срца со прехрамбени производи, за и тие достоинствено да го дочекаат овој голем ден и да ја доживеат Божиќната радост.

Храната можете да ја носите пред Витлеемската пештера поставена во дворот на храмот Св.вмч. Димитриј.

Благодариме.