БИТОЛА, ул.Рузвелтова бр.18 тел.075 22 47 22, Нов пазар 075 44 57 40

Соработувај со ентузијасти слични на тебе, дискутирај теми кои се во тренд и најди решенија на предизвиците кои ги имаш!
05 мај 2021 – ⋮IWConnect, глобална, мултидисциплинарна IT консултантска компанија, со седиште во Битола, Македонија соопшти дека за првпат во Македонија, а и на Балканот организираа MuleSoft meetup група. MuleSoft meetup групата е организирана во соработка со MuleSoft, компанија која се занимава со произвостсво на софтвер за интеграција на апликации, податоци и уреди, со седиште во Сан Франциско, Калифорнија.
Целта на оваа група е да се направи централно место кадешто сите ентузијасти кои работат, се заинтересирани или сакаат да научат нешто повеќе за MuleSoft ќе може да соработувааат, да ги дознаат последните новости во врска со MuleSoft, да се запознаат со нивни истомисленици, да учат и да го споделат нивното знаење со нивните истомисленици, преку презентации, демо-видеа итн.

„Дел сум од MuleSoft заедницата од самиот почеток откако започнав да работам со оваа интеграциска алатка. Самото присуство на ваков вид на meetup настани е еден од најдобрите начини да споделиш идеи, и да стекнеш знаење за последните трендови во технологијата. Поради тоа сум особено среќен што ја имав можноста да ја организирам првата MuleSoft meetup група, која дојде како резултат на долгогодишната соработка помеѓу ⋮IWConnect и MuleSoft и со нетрпение го очекувам првиот настан. “ изјави Сашо Рајчиноски, организатор на Mule meetup групата, и Сениор MuleSoft технички консултант во ⋮IWConnect.

Сите оние кои се заинтересирани и сакаат да станат дел од првата Mule meetup група во Македонија и на Балканот, тоа можат да го направат на следниот линк: https://meetups.mulesoft.com/bitola/. Се што треба да направите е само да го внесете вашето име и електронска пошта. Освен тоа, приклучете се и на нашата Facebook група каде ќе можеме да се запознаеме уште подобро.

За ⋮IWConnect
⋮IWConnect е глобална, мултидисциплинарна ИТ-компанија фокусирана на интеграција, дигитализација, менаџирање на податоци, анализа, инфраструктура, и создавање дигитални оптимизирани технолошки решенија (Digitally Optimized Technology Solutions – DOTS). Основана во 2004 година, со седиште во Македонија, и канцеларии во Битола, Прилеп, Скопје, Амстердам Холандија, и Хјустон Тексас (САД).

⋮IWConnect е позната и по искуството со трите интеграциски алатки MuleSoft, SnapLogic, TIBCO, го има еден од најголемите оддели за Quality Assurance, и знаење и искуство во вештачка интелигенција, машинско учење, Big Data, Microsoft, PHP, Mobile Development, AWS Cloud, Data Management, Business Support, и DevOps.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here