Најновата ЏОКЕР премија во вредност од над 3.150.000 денари оди токму во Битола, а среќното ливче е уплатено во познатото уплатно место „ДИМПО“.
Според информациите од Државна лотарија на Македонија, токму таму е уплатен тикетот што ја донесе големата добивка и радост во градот под Пелистер.
Битола уште еднаш покажа дека знае што значи среќа — овој пат не на спортски терен, туку на ливче со голема добивка!
Честитки до среќниот добитник – нека му се множи среќата и нека продолжи победничката серија!





