Младата NBA-ѕвезда Џеди Осман искажа голема љубов и кон родната Македонија и кон Турција за време на All Star Weekend-от во Шарлот, Северна Каролина. Тука нас битолчани заедно со сите македонци нѐ воодушеви настапувајќи во специјално дизајнирани патики со знамињата на двете земји.

Инаку Џеди е роден е во Охрид, одреден период живее и во Босна, но сепак го користи секое лето и доаѓа тука во Битола бидејќи тука е неговата тетка Семра и дел од неговите роднини, први братучеди меѓу кои се битолчаните Танер и Сонер Фејзуловски со кои се нерезделни по битолските улици.

Џеди (највисокиот) на веридбата на Танер Фејзуловски во Битола

Најповеќе на битолскиот Широк Сокак каде го пијат мекамското градско кафе. Најубавиот дел од неговиот живот е играњето кошарка со нив и други битолчани на познатото битолско Ракометно.

Џеди (најлево) во Битола

На крај следувал неговиот најомилен оброк, сендвичот од “Кај Бомбата” на Шеталиште,

кој се уште му е останат во паметот и го споменува при секој телефонски разговор од далечната Америка.

Како што раскажува и битолчанецот Виктор Јосифовски, пред 12-13 години се играл јак баскет во просторот на Економско во Битола. Тој бил прва тројка со Бранов и Палашо, втора тројка биле Танер или Сонер, Џеди или неговиот брат Џанер Осман и Кроки, трета тројка Љатче, Паљото и Млекаро, четврта тројка Димче, Мечето и Иљо и петта тројка Марушо, Аце и Коче. И сега Џеди Осман го гледаме на All Star Weekend !!!

Роден во Охрид во 1995 година, а кошарка почнал да тренира во славниот клуб од БиХ, Босна. Поради турското потекло на татко му, Осман веднаш по само една година се здобил со турско државјанство и игра за Анадолу Ефес.

Тој се пријави на НБА-драфтот во 2015 година, и заедно сите негови роднини и братучеди од Битола на заедничкото летно дружење во Охрид го дочека изборот кога од Минесота беше избран во втората рунда, за веднаш потоа да биде префрлен во Кливленд.

Инаку со репрезентацијата на Турција има освоено две злата на младински европски првенства и досега никогаш и не бил побаран да игра во Македонската кошаркарска репрезентација.

“Роден сум во Македонија, но играм за турската репрезентација. Затоа решив да ги ставам знамињата на двете земји на патиките, за да покажам дека ги претставувам двете држави. Сакав да им искажам љубов на двете земји, бидејќи знам дека имам поддршка таму“, изјави Осман.

Република Македонија и Турција имаат голема заедничка историја. Посебно нашиот град, нашата бабам Битола. Личностите како Џеди Осман кои се дел од нашите градски збиднувања се симбол на меѓусебното почитување како граѓани од различни етникуми и вредни за спомнување.

Чок Ѓузел Џеди Ефенди! ТИ БЛАГОДАРИМЕ. БРАВО!

Голема благодарност до Виктор Јосифовски и Танер Фејзуловски за раскажувањето и фотографиите

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here