Ѝ ГО УБИЈА КУЧЕТО, Ѝ ЈА УБИЈА ПОСЛЕДНАТА НАДЕЖ ЗА ЖИВОТ – Потресен статус на баба Бранка чија Цуна беше најдоброто куче во Областа

од September 12, 2023 0 коментари

Потресен статус на старицата која ја расплака цела Битола вчера. Баба Бранка го изгуби нејзиниот најдобар пријател, миленик на сите, кој го сакаше како свое дете, беше со неа и во зло и во добро.

Цуна која ја облекуваше, дотеруваше, ѝ чекаше родендени, беа неразделни и дома и надвор, сите ја сакаа и ја познаваа како најдоброто куче, вчера го изгуби животот каснувајќи затруена храна во околината на Областа. 10 години од животот на баба Бранка, Цуна носеше радост и ја исполнуваше нејзината самотија.

Сега баба Бранка остана сама, а клетникот кој го зеде нејзиното куче на душа и ја уби последната надеж на една старица, нека се чува од Божјата правда.

Фотографиите се од личниот профил на баба Бранка

Babam Bitola

Comments are closed.