Уште еден голем успех за битолскиот мотоспорт! Битолчанецот Зоран Каранфиловски – Ќаме оствари две убедливи победи на мотокрос патеката во Орман, Скопје, во рамките на Отворениот шампионат на Македонија во мотокрос, одржан на 11 октомври 2026 година.

Каранфиловски, настапувајќи со мотоцикл Honda во класата MXS, го освои првото место во двете возења, потврдувајќи ја својата подготвеност и натпреварувачки квалитет.
Со овој двоен триумф, Ќаме заедно со другите битолчани уште еднаш ни покажаја дека Битола има квалитетни натпреварувачи и во мотокрос спортот.
Честитки за Ќаме и уште многу победи на мотокрос патеките!
