Стрежевската акумулација во недела, 23 август, повторно ќе биде центар на спортскиот риболов, со одржувањето на јубилејното 30. издание на Балканскиот куп.

Традиционалниот натпревар го организира ЗРРЕСК „Црна Река 1929“ – Битола, со поддршка на ЈП „Стрежево“ – Битола, а риболовците ќе се натпреваруваат во дисциплината „лов на риба со јадица на пливка“.

На Стрежево ќе пристигнат екипи од Македонија, Србија и Црна Гора, кои ќе ги одмерат своите вештини во поединечна и екипна конкуренција.
Натпреварувањето ќе се одржи на местото викано „Втора Црвејнца“.

Балканскиот куп веќе три децении претставува повеќе од спортски натпревар – тој е традиционално место за средба на риболовците од регионот, размена на искуства, дружење и создавање пријателства.

Организаторите ги покануваат љубителите на спортскиот риболов и природата во живо да го проследат јубилејното издание на Балканскиот куп на Стрежево.