Денес со голема радост го прославуваме раѓањето на 300-тото бебе за 2025 година во Болница Плодност!

Во утринските часови, со спонтано породување, на свет дојде малиот Максим – симбол на живот, љубов и надеж.

Оваа бројка, достигната уште во вториот квартал од годината, зборува за едно: огромната доверба што родителите од цела држава секојдневно ѝ ја укажуваат на Болница Плодност.

Со гордост ја додаваме оваа радосна вест во нашата статистика и на патот кон целта што заеднички ја следиме — секое породување да се изведе природно, секогаш кога условите го дозволуваат.

Овојпат, заслугата им припаѓа на стручниот и посветен тим предводен од:

– Д-р Ана Вангелов
– Д-р Маргарита Камбовска
– Прим. Д-р Владимир Ристевски
и медицинските сестри:
– Билјана Поповска Марковска
– Тања Дукоска
– Александра Димовска

Благодарност за нивната професионалност, грижа и човечност.

Радоста за семејството е неизмерна…